Уредност, правопис и технички карактеристики Вашето CV мора да биде уредно и читливо. Затоа најдобро е да го напишете на компјутер во вид на табеларен приказ.
Се препорачува да се користи ист фонт (на пр.11 или 12). Болдирани или италик букви исто така треба да се избегнуваат, особено ако имате информација дека CV–то ќе биде подложено на селекција со помош на компјутерски програм кој регистрира само клучни зборови, за да се избегне негово елиминирање.
Најлесен начин е на дното на екранот покрај task–bar-от да ја префрлите тастатурата на македонска поддршка.
Во CV–то не треба да има никакви печатни или правописни грешки, затоа секогаш проверете го добро пред да го пратите. Ако нашата приказна е грешна или со грешки, кој ќе сака да не вработи? Ако вие немате доволно време да си ја прочитате биографијата и ги поправите вашите печатни или граматички грешки значи дека не сте:
|
Со други зборови: ако ние самите не сме ја прочитале нашата биографија, зошто некој друг да ја чита?
Гледате како лесно се испушта добро работно место, само поради немарност и незнаење? Бидејќи конкуренцијата во Македонија е голема, навистина никој не би примил некој кој не ги поседува горенаведените особини. Исто така, од корист е и доколку замолите некој друг да го прочита Вашето CV пред да го испратите. Можеби на тој начин полесно ќе ги увидите евентуалните недостатоци.