Vrabotuvanje.com - Германија забрани да се емитува руска телевизија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Германија забрани да се емитува руска телевизија

Комисијата за регистрација и надзор на германскиот медиумски регулатор МАББ го забрани емитувањето на телевизијата РТ ДЕ во земјава поради немање лиценца.

Германија забрани да се емитува руска телевизија

Покрај сателитското емитување, регулаторот побара и да се прекине емитувањето на програми на порталот, преку мобилните апликации и смарт ТВ апликациите RT News. Истовремено, германската страна смета дека телевизијата не може да бара издавање на други лиценци кои се во сила во ЕУ.

РТ ДЕ ќе поднесе жалба до судот против оваа одлука, објави заменик-главниот уредник на РТ Ана Белкина, нагласувајќи дека телевизијата ќе продолжи да емитува програми од Москва.

Претходно, германскиот медиумски регулатор МАББ го принуди европскиот сателитски оператор „Еутелсат 9Б“ да го отстрани од својата платформа новиот телевизиски канал на германски јазик „РТ ДЕ“, кој емитува програма од студио во Москва.

извор: infomax.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje