Vrabotuvanje.com - „Оскарите“ се враќаат во Холивуд и ќе имаат водител
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Оскарите“ се враќаат во Холивуд и ќе имаат водител

„Оскарите“ ќе имаат домаќин за првпат од 2018 година и ќе се вратат во својот долгогодишен дом во театарот Долби.

„Оскарите“ се враќаат во Холивуд и ќе имаат водител

Додека другите наградни церемонии се одложени поради напливот на случаи со Ковид-19, „Еј-би-си“ навести дека нема промени во планот за одржување на „Оскарите“, највисоките филмски почести, на 27 март во Лос Анџелес.

Овогодишната церемонија ќе има домаќин, изјави претседателот на „Еј-би-си ентертејнмент“, Крег Ервич, на настан на Здружението на телевизиски критичари. Тој не даде никакви детали.

Статуетките ги врачуваа познати личности, но немаше водител во 2019, 2020 и 2021 година. Рејтинзите на телевизиската програма се намалија во последниве неколку години, паѓајќи на рекордно ниско ниво од 10,4 милиони луѓе во САД во 2021 година. Гледаноста на други настани со награди исто така опадна.

Фановите на британскиот актер Том Холанд сугерираа тој да биде домаќин на овогодишната гала-вечер  по големиот успех на „Човек-пајак: Далеку од дома“, веројатно со неговата партнерка Зендаја.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje