Vrabotuvanje.com - Развиена нова сорта на кромид: „Сунион“ - За сечкање „без солзи“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Развиена нова сорта на кромид: „Сунион“ - За сечкање „без солзи“

Ако плачете додека сечкате кромид, тоа наскоро би можело да стане минато. Имено, германскaта компанија BASF нуди нова опција, „без солзи“, наречена „Сунион“.

Развиена нова сорта на кромид: „Сунион“ - За сечкање „без солзи“

Новата сорта развиена од оваа компанија пристигнува на полиците на супермаркетите во Германија, откако во декември беше достапна за потрошувачите во Италија.

Купувачите во Велика Британија и Франција, исто така, ќе добијат „нов вкус“ на полиците откако таму производот беше воведен во избрани супермаркети во последните недели. Сунион е достапен и во малопродажба во САД, Канада и Шпанија.

Овој нов производ е резултат на повеќе од три децении конвенционално одгледување, а својствата поврзани со „анти-солзење“ не се единствените.

„Додека кромидот обично станува поостар кога се складира, оваа сорта станува помека и послатка со текот на времето“, велат од компанијата.

Тие истакнуваат дека целта им е да понудат „попријатна храна“.

„Останатото е на потрошувачите. Кои земји ќе се разгледуваат за пласман на овој производ зависи од локалниот интерес на потрошувачите и достапните опции за снабдување“, велат од компанијата.

извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje