Vrabotuvanje.com - Објавен месечниот статистички билтен за јануари 2022
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Објавен месечниот статистички билтен за јануари 2022

Објавен месечниот статистички билтен за јануари 2022

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.01 – 31.01.2022 година вкупниот промет изнесувал 901.761.990 денари и е зголемен за 7,30 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 698.220.800 денари и е намалено во однос на декември за 7,48 отсто кога изнесувало 754.690.781 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 558.947.787 денари и обврзници во вредност од 139.273.013 денари.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 203.541.190 денари и се зголемени за 138,19 отсто во однос на декември.

Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.879 и е зголемен за 13,33 отсто во однос на декември кога изнесувал 1.658.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јануари 2022 година можете да го погледнете тука.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje