Vrabotuvanje.com - 5 корисни трикови како да го спречите замрзнувањето на стаклата на автомобилот во зима
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

5 корисни трикови како да го спречите замрзнувањето на стаклата на автомобилот во зима

Во текот на зимските месеци, поради ниските температури стаклата на автомобилите може да замрзнат. Но, постојат начини со кои може да го спречите тоа.

5 корисни трикови како да го спречите замрзнувањето на стаклата на автомобилот во зима

Наједноставната опција е користење заштита за стакло. Ако немате, може да преземете неколку чекори за да спречите замрзнување.

Направете спреј од оцет

Направете течност која се состои од три четвртини оцет и една четвртина вода. Оваа комбинација ставете ја во сад со распрскувач и во текот на ниските температури, секоја вечер прскајте ги автомобилските прозорци со течноста.

Користете алкохол

Измешајте алкохол и вода во однос 2:1 и со течноста испрскајте ги стаклата.

Солена вода

Ако немате оцет или алкохол при рака, може да ви помогне и солта. Измешајте вода и сол и испрскајте ги стаклата. Сите три вида течности можат да бидат ефективни.

Што да избегнувате?

Никогаш немојте да користете врела вода бидејќи стаклото е чувствително на брзи промени во температурата. Врелата вода во комбинација со претеран притисок на стаклото поради стругање може да доведе до пукање.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje