Vrabotuvanje.com - Што треба да знаеме пред да вработиме малолетно лице?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што треба да знаеме пред да вработиме малолетно лице?

Согласно Законот за работни односи, договор за вработување дозволено е да склучи и малолетно лице, со најмалку 15 години кое има општа здравствена способност.

Што треба да знаеме пред да вработиме малолетно лице?
Се забранува работа за дете под 15 години возраст или дете кое не завршило задолжително образование, освен за учество во активности кои со закон е утврдено дека може да ги извршува, но не подолго од четири часа дневно.
 
Максималниот број на часови на работно време на младо лице на возраст под 16 години е 30 часа неделно и во случај кога младото лице работи кај повеќе работодавачи истовремено. Додека пак максималниот број на часови на работно време на младо лице на возраст над 16 години е 37 часа и 45 минути неделно и во случај кога младото лице работи кај повеќе работодавачи.
 
Дополнително работното време на младо лице не смее да надмине осум часа во период од 24 часа. Притоа работодавачот е должен да обезбеди заштита на младите лица од економска експлоатација и од каква било работа која може да има штетно влијание врз нивната безбедност, здравјето, физичкиот, менталниот, моралниот или социјалниот развој или истата може да го загрози нивното образование.
 
извор: rabotnik.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje