Vrabotuvanje.com - Бизнис си е бизнис: Германија најмногу купува од Кина, а најмногу продава во САД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Бизнис си е бизнис: Германија најмногу купува од Кина, а најмногу продава во САД

Минатата година, шести пат по ред, Кина била најважниот трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика.

Бизнис си е бизнис: Германија најмногу купува од Кина, а најмногу продава во САД

Двете земји оствариле трговска размена вредна 245,4 милијарди евра, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на 2020 година. Германија увезла стоки во вредност од 141,7 милијарди евра од Кина, што е за една петтина повеќе од претходно.

Втора најважна увозна дестинација на Германија е Холандија со 105,7 милијарди евра, а потоа САД со 72,1 милијарди евра.

Што се однесува до извозот, Германија има извезено најмногу, како што се случува од 2015 година, во САД. Германија во САД извезла стоки во вредност од 122,1 милијарди евра, што е зголемување од 18 отсто.

На второ место на извозни дестинации е Кина со вредност на извезени стоки од Германија од 103,8 милијарди евра, а потоа следи Франција со 102,3 милијарди евра. Минатата година Германија извезла најмногу делови за автомобили во вредност од 209,4 милијарди евра.

На второ место се машини (194,4 милијарди евра), потоа хемиските производи (136,3 милијарди евра).

извор: vesnik.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje