Vrabotuvanje.com - Што се крие зад бројот 57 на амбалажата на култниот кечап „Хајнц“?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што се крие зад бројот 57 на амбалажата на култниот кечап „Хајнц“?

За многумина, синоним за кечап е оној што го произведува „Хајнц“. Брендот е создаден во далечната 1869 година, а со текот на времето го доби епитетот „America’s Favorite Ketchup“, што може да се преведе како „Омилен кечап на Американците“.

Што се крие зад бројот 57 на амбалажата на култниот кечап „Хајнц“?

Но, еве неколку интересни факти за брендот и самиот производ:

„Хајнц“ се поврзува со бројот 57 повеќе од еден век. Слоганот на компанијата „57 varieties“ беше клучен дел од нејзината рана стратегија за привлекување потрошувачи. Тој број се уште стои на пакувањето на култниот кечап. Покрај тоа, тој е витален дел од идентитетот на брендот.

Се прашувате што е толку посебно во врска со тоа? Дека бројот е измислен.

Имено, немало 57 варијанти на „Хајнц“ кога бизнис магнатот од Питсбург, Хенри Џон Хајнц, првпат го измислил слоганот во 1896 година, но немало толку многу верзии и после тоа, кога бил лансиран сосот „Хајнц 57“. Ниту сега не се 57, пишува CNN Money.

Всушност, можеби не сте знаеле, но постојат стотици сорти на Хајнц. Сепак, „57“ опстојува 126 години бидејќи го „зајакнува“ Хајнц како носталгичен, „извонредно американски“ бренд за храна – зачин што го ставате на хот-дог на бејзбол натпревар или хамбургер за време на летна скара.

Во раните 1890-ти, Хенри Џон Хајнц, некогаш опишан од биограф како „маркетиншки гениј“, продавал флаширан рен, кисели краставички, сос од пиперки и кечап. Во 1876 година, компанијата го претстави „catsup“ кој наскоро го преименува во „ketchup“, со цел да ги разликува производите – меѓу околу 60 прехранбени производи.

Во тоа време киселите краставички беа најголемиот успех на „Хајнц“, поради што г-дин Хајнц стана познат како кралот на киселите краставички.

За време на посетата на Њујорк во 1896 година, Хајнц забележал реклама за чевли, наводно „21 styles“. Сметал дека тоа е незаборавно и мислел дека додавањето бројки ќе помогне да се задржи брендот поврзан со потрошувачите. Постојат различни теории за тоа како настанал бројот 57.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje