Vrabotuvanje.com - Италијански „Форест Гамп“: Пешачел 400 километри по кавга со сопругата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Италијански „Форест Гамп“: Пешачел 400 километри по кавга со сопругата

48- годишен Италијанец откако имал недоразбирање со својата сопруга, излегол да се смири на прошетка долга 450 километри, која траела една недела. Човекот ја напуштил својата куќа во Комо и се упатил кон југот на Италија, поминувајќи ја Болоња, за да биде запрен од полиција во градот Фано, на Јадранското крајбрежје.

Италијански „Форест Гамп“: Пешачел 400 километри по кавга со сопругата

Полицијата го запрела во 2 часот наутро, бидејќи го прекршил ноќниот полициски час во Италија. Потоа, полицајците ја откриле неговата бизарна приказна, бидејќи сопругата имала поднесено пријава за исчезнато лице, пренесува италијанскиот весник “Il Resto del Carlino.”. Човекот бил свесен, но уморен и изјавил дека не сфатил дека имал поминато толку многу километри, а храна добивал од луѓе кои ги среќавал по патот.

Социјалните мрежи го нарекле “Италијански Форест Гамп”, а на оваа несекојдневна прошетка си заработил и казна за прекршување на полицискот час во износ од 400 евра. Од страна на полицијата бил сместен во хотел, а следниот ден неговата сопруга тргнала на пат од 450 км за да го врати дома.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje