Vrabotuvanje.com - Пет најголеми предизвици на работењето од дома и како да ги надминете
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пет најголеми предизвици на работењето од дома и како да ги надминете

Статистиката покажува дека работењето од дома им помага на вработените да бидат попродуктивни, поздрави и умешно да ги балансираат работата и животот. Сепак, работењето од дома носи голем број на предизвици. Како да се надминат?

Пет најголеми предизвици на работењето од дома и како да ги надминете

Работењето од дома звучи како деловна револуција што е тука за да остане. Но ова не е модел на работа каде што можете едноставно да се префрлите и да се надевате на најдоброто.

Како и секој друг работен модел, има и лоши страни што не треба да се занемарат. За среќа, постојат работни стратегии и алатки што секој бизнис може да ги користи за да ги надмине овие проблеми и да ужива во целосните придобивки што ги нуди работењето од дома.

Кои се најголеми предизвици на работењето од дома и како да ги надминете?

Предизвик #1: Управување со проекти кога имате тим на повеќе локации

Решение:

Пробајте ги следниве софтвери за управување со проекти што ќе Ви ја олеснат работата:

  • MeisterTask
  • Basecamp
  • Nifty
  • Teamwork Projects
  • ProofHub
  • Zoho Projects
  • Trello
  • JIRA
  • Asana
  • Monday


    Предизвик #2: Ефективно комуницирање и соработка со тимот

    Решение:


    Слично како софтверот за управување со проекти, има безброј алатки за комуникација и соработка што ќе Ви помогнат да ги скршите бариерите за далечинска соработка:
     
  • Slack
  • Microsoft Teams
  • Google Chat
  • Basecamp
  • Google Drive
  • Confluence
  • Troop Messenger

    Предизвик #3: Следење на задачи и продуктивност

    Решение: 

    За да добиете преглед во напредокот на тимот и како тие го распределуваат времето за комплетирање на задачата, Ви требаат алатки за следење на проектите во реално време, како:
     
  • Status Hero
  • Toggl
  • RescueTime



    Предизвик #4: Различни временски зони

    Решение:

     Не прекршувајте ја слободата што ја нуди далечинското работење, туку едноставно договорете конзистентен распоред за да знаете кога Вашиот тим ќе биде, а кога нема да биде достапен за работа и закажување состаноци.


    Еве некои алатки што ќе Ви помогнат во ова:
     
  • Calendly
  • StatusHero
  • Slack
     

    Предизвик #5: Одржување доверба кај вработени што никогаш не се сретнале во живо

    Решение:

    PukkaTeam е алатка за градење доверба помеѓу дистрибуираните тимови. Oвде ќе најдете 7 клучни чекори за градење доверба помеѓу членовите на тимот што никогаш не се запознале:

  • Организирање тимски состаноци секој месец и 2 пати во годината заедничко патување;
  • Поттикнување одговорност, доверливост и завршување на задачите на време;
  • Промовирање на транспарентна комуникација;
  • Добивање на вистинските алатки за соработка;
  • Создавање заеднички цели и стремење кон нив;
  • Избегнување микроменаџмент;
  • Водење преку пример.



    Извор: usb.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje