Vrabotuvanje.com - Пред и потоа - трикови како да ги обновите старите работи!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пред и потоа - трикови како да ги обновите старите работи!

Пред и потоа - трикови како да ги обновите старите работи!

Овие практични совети ќе ви помогнат да ги отстраните старите дамки, па вашите стари работи ќе станат како нови.

Проверено и ефикасно!

Даска за сечење

 

 Вратете го првобитниот изглед на даската за сечење: едноставно, исчистете ја со сунѓер натопен во раствор од лимонов сок и сол.

 

Бакарни садови  

 

Бакарните садови се сметаат за најдобри за приготвување на одредена храна и за правење карамел. 

Може да се обноват со помош на сол и оцет. Едноставно, поросете ја површината со сол, па испрскајте со оцет и истријте со мека жица.

Чинии
 

 

Гребаниците на чиниите можат лесно да се отстранат со помош на сода бикарбона. Наросете сода на влажна чинија и истријте со цврстата страна од сунѓерот.

Теписи

Ќе ви биде потребно: 1 дел оцет и 2 дела вода. Измешајте ги оцетот и водата во однос 1:2 и префрлете ја течноста во шише со распрскувач. 

Испрскајте ја дамката на тепихот и покријте со влажна крпа. Потоа вклучете ја пеглата на програм „пареа“ и ставете ја врз крпата 30 секунди.

Плочки

 

Исчистете ги фугите од плочките и вратете им го првобитниот изглед со помош на избелувач (кој во себе содржи хлор). 

Растворете го во вода во однос 1:1 и пребришете ги фугите со овој раствор, а по потреба и плочките. Правете го ова со ракавици. После тоа задолжително проветрете ја просторијата. 

Платнени обувки

Повратете ја белината од платнените обувки со следниот раствор: 1 кафена лажичка детергент за садови, 3 супени лажици хидроген и 2 супени лажици сода бикарбона. Со помош на стара четка за заби темелно обработете ја целата површина и оставете да отстои околу половина час. Потоа добро исперете ги обувките со ладна вода.

 




nmd.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje