Vrabotuvanje.com - Измените на законите за ДДВ и за акцизи пред пратениците
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Измените на законите за ДДВ и за акцизи пред пратениците

Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Измените на законите за ДДВ и за акцизи пред пратениците

-Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, наведува Владата.

Владата и премиерот упатија апел до пратениците веднаш да ги усвојат законските измени и дополнувања, за да се обезбеди брза имплементација на донесените мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите.

извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje