Vrabotuvanje.com - NASA отвори лунарен примерок стар 50 години – која е целта?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

NASA отвори лунарен примерок стар 50 години – која е целта?

Научниците од американската вселенска агенција NASA отвориле лунарен примерок кој бил запечатен откако бил земен од Месечината пред 50 години.

NASA отвори лунарен примерок стар 50 години – која е целта?

NASA изјавила дека го отворила примерокот, еден од последните кои потекнува од мисијата „Аполо“, за да се подготват за наредното слетување на Месечината во рамките на мисијата „Артемис“.

Примерокот се наоѓа во Вселенскиот Центар Џонс во Хјустон, а за процесот на отворање задолжен бил секторот „ARES“. Процесот бил извршен во рамките на програмата „ANGSA“ и со помош на Европските вселенски агенции.

„Разбирањето на геолошката историја и еволуцијата на примероците од Месечината на местото на слетувањето на мисијата Аполо, ќе ни помогне да се подготвиме за типовите примероци со кои би можеле да се сретнеме во текот на мисијата „Артемис“.

Целта на мисијата е на Земјата да се донесат ладни и затворени примероци од локацијата во близина на лунарниот јужен пол. Ова е возбудлива можност за учење и разбирање на алатите потребни за собирање и транспорт на примероци, за нивна анализа и складирање на Земјата за наредните генерации научници“, изјавил Томас Зурбухен, администратор на NASA во Вашингтон.

NASA зачувала неколку примероци од Месечината и не ги отворала знаејќи дека науката и технологијата ќе напредуваат и ќе им овозможат на идните тимови да направат подобра анализа кога ќе го отворат складиштето.

За отворањето е наменета машина со име „Аполо отворач на конзерви“ која ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje