Vrabotuvanje.com - Даваат отказ затоа што работат премалку: Да, и тоа се случува, НО зошто!?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Даваат отказ затоа што работат премалку: Да, и тоа се случува, НО зошто!?

Во време кога трговците на мало, рестораните, хотелите и другите кои се потпираат на „работниците на час“ се жалат дека не можат да вработат доволно луѓе. Mногумина работодавачи кои работат на тој принцип велат дека распоредот им е комплициран.

Даваат отказ затоа што работат премалку: Да, и тоа се случува, НО зошто!?

Американските работници минатата година напуштија рекордни 47 милиони работни места. Даваат отказ поради подобра плата на друго место, некои за да бидат свои газди, подобро да ги координираат приватните и деловните активности или поради стравот од заразување со Ковид-19.

Некои едноставно станаа жртви на синдром на исцрпеност, или само сакаа пауза/одмор. Но, има уште една причина, помалку позната, зошто работниците деновиве ги напуштаат своите работни места.

Вработените даваат отказ а причината е зачудувачка – Затоа што немаат доволно работа!

Едни од условите кои работодавачите им ги нудат на кандидатите се однесуваат на работните часови, наместо да се работи 40 часа, предвидени се само 25. Бизарно или не, тоа на работобарателите не им одговара.

За време на пандемијата, Колтон Нивелинг работел неколку работи - подготвување хамбургери, правење ќофтиња, помагање на клиентите и полнење на полиците. Доколку би имал "нормално" работно време со времетрање од 40 часа нема да има потреба да работи повеќе од една работа.

Тешко е за работодавачите да знаат колку луѓе да вработат, дури и да е најдобро време, потешко од кога било со денешните високи флуктуации и нестабилна побарувачка.

Според HourWork, продавач на софтвер кој им помага на работодавачите да регрутираат и задржуваат работници, 55 отсто од работодавачите сега носат луѓе со побрзо темпо отколку пред 2020 година, во поголеми групи за вработување.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje