Vrabotuvanje.com - Швеѓаните можат да земат шест месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Швеѓаните можат да земат шест месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис

Жителите на Шведска сега можат да земат шест месеци отсуство од работа за да стартуваат сопствен бизнис, а ако не оди се според планот, повторно можат да се вратат на старата работа. Ова неплатено отсуство се вика Tjänstledighet и ги охрабрува луѓето да пробуваат нови нешта и поттикнува иновативна култура.

Швеѓаните можат да земат шест месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис

За неплатеното отстуство може да аплицира секој што работел во некоја компанија само шест месеци, но барањето може да им биде одбиено доколку се многу битни за работните процеси во компанијата или ако новиот бизнис што го стартуваат ќе му биде конкуренција на работодавецот.

Во Шведска се родиле многу од најголемите технолошки гиганти во светот, а после Силиконската Долина, Стокхолм е на второ место во светот по бројот на компании-еднорози по глава на жител. Еднорози се технолошки компании кои вредат најмалку милијарда долари. Таква компанија е Spotify.

Оваа нова шема е дел од низата права во кои уживаат жителите на Шведска. Некои од тие права се отстуство од работа за продолжување на орбазованието или за грижење за некој член од семејството. Имате ли вие некоја идеја за стартап за која вреди да земете шест месеци отсуство од работа?

извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje