Vrabotuvanje.com - Барселона за 280 милиони евра го менува името на стадионот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Барселона за 280 милиони евра го менува името на стадионот

Барселона за 280 милиони евра го менува името на стадионот

Барселона ќе го смени името на стадионот поради нов договор со „Spotify“, објавија медиумите во Барселона.

Според изворот, сега новиот стадион на каталонскиот тим ќе се вика „Камп Ноу Спотифај“.  Клубот и музичкиот сервис потпишаа спонзорски договор за три сезони. Спортифај ќе плати 280 милиони евра на Барселона за период од три сезони. Договорот вклучува рекламирање на машкиот и женскиот дрес на задниот дел од дресот, како и сопственоста на стадионот.

Договорот ќе стапи на сила од следната сезона. Платформата за стриминг музика има 381 милион корисници, од кои 172 милиони се клиенти кои плаќаат. Барселона со овој договор сака да ја подобри финансиската состојба која во моментов не е добра.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje