Vrabotuvanje.com - Македонските граѓани се задолжиле за 7,2 отсто повеќе во банките во 2021 година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Македонските граѓани се задолжиле за 7,2 отсто повеќе во банките во 2021 година

Македонските граѓани се задолжиле за 7,2 отсто повеќе во банките во 2021 година

Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2021 година, македонските домаќинства должат 216 милијарди 241 милиони денари или околу 3,5 милијарди евра на македонските банки. Задолжувањето на граѓаните во 2021 година е зголемено за 7,2 отсто во однос на претходната година.

Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 108 милијарди 893 милиони денари или 1,77 милијарди евра. Потоа следуваат станбените кредити со износ од 67,2 милијарди денари или околу 1,09 милијарди евра.

На кредитните картички граѓаните се задолжиле 21,75 милијарди денари, а на трансакциските сметки 13,57 милијарди денари.

За реновирање на деловен простор должат 778 милиони денари. Износот на автомобилските кредити е 242 милиони денари.

За кредити по други основи граѓаните должат 3,8 милијарди денари.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje