Vrabotuvanje.com - Возачите заразени со корона вирус треба да се тркаат во Формула 1
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возачите заразени со корона вирус треба да се тркаат во Формула 1

Пилотот на тимот Ред Бул во Формула 1, Серхио Перез, смета дека на возачите кои се заразени со коронавирус треба да им се дозволи да се тркаат во шампионатот.

Возачите заразени со корона вирус треба да се тркаат во Формула 1

Мексиканецот беше првиот возач кој го прележа вирусот и затоа мораше да ја пропушти трката за ГН на Велика Британија во 2020 година, а најнова жртва на вирусот е Германецот себастијан Фетел (Астон Мартин), кој нема да биде во можност да настапи на првата трка од 73. шампионат во најбрзиот циркус на денешницата кој стартува викендов со трката за ГН на Бахреин.

Деновиве во својот болид се врати Даниел Рикиардо, кој ги пропушти претсезонските тестови, бидејќи беше заразен со Ковид 19. Воглавно, првенството се уште не почнато, а коронавирусор им ги менува плановите на тимовите.

Затоа мексиканскиот возач верува дека со укинувањето на ограничувањата ширум светот, дојде време да се отворат разговори во Формула 1 за да им се дозволи на возачите да се натпреваруваат ако се чувствуваат доволно добро дури и ако имаат коронавирус.

-Сега научивме толку многу со Ковид. Имате толку многу работи што можете да ги  направите. Ако сакате да се грижите за себе, останете дома 24 часа и гответе сами и правете се сами. Мислам дека како ќе поминете со вирусот зависи само од среќата. Тешко е да не се направи ништо, изјави Перез и додаде:

-Многу ми е жал за Себ и Даниел, но тоа може да му се случи на секого. Во иднина, ова е нешто за што треба да разговараме. Да им дозволиме на возачите да се тркаат со Ковид ако симптомите се благи.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje