Vrabotuvanje.com - Мистериозен саркофаг пронајден под Нотр Дам
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Мистериозен саркофаг пронајден под Нотр Дам

Археолозите кои работат на обнова на париската катедрала Нотр Дам, оштетена од пожарот пред неколку години, открија непозната гробница скриена под готската црква стара 850 години.

Мистериозен саркофаг пронајден под Нотр Дам

Според соопштението на француското Министерство за култура, до откритието дошле работници кои поставиле земјени скелиња за да помогнат во обновата на урнатата црковна кула.

Кога сфатиле дека нешто е закопано на местото каде попречниот брод го преминува наосот, катедралата го повикала Институтот за превентивни археолошки истражувања.

Утврдиле дека станува збор за неколку гробници и оловен саркофаг, кој најверојатно потекнува од 14 век.

Археолозите успеале во него да вметнат мала ендоскопска камера за да ги испитаат човечките останки.

„Видовме многу добро сочувано тело“, рече Кристоф Бени, водечки археолог за време на обиколката на ископувањата, пренесува Телеграф.

„Се забележуваа и парчиња ткаенина, коса и пред сè, перница од лисја кај главата, добро познат феномен при погребување на верските лидери“, додал тој.

Покојникот најверојатно бил висок верски достоинственик. Историчарите знаат за околу 400 луѓе закопани во Нотр Дам, вклучувајќи бискупи и надбискупи.

Ископувањата откриле и длабока јама под подот на катедралата за која археолозите веруваат дека била ископана околу 1230 година, за време на изградбата на објектот.

Нотр Дам беше значително оштетена во разорниот пожар во 2019 година, кога изгоре покривот и кулата на црквата. По пожарот, францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе го обнови овој споменик до 2024 година, кога очите на светот ќе бидат вперени во Олимписките игри во Париз.

Извор: enauka.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje