Vrabotuvanje.com - Секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаик на покрив
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаик на покрив

Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.

Секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаик на покрив

Дополнително во план е да се зголеми и моќноста на системите, која во моментов е 4 киловати да стане 6 киловати за домаќинствата, а за деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца, а над тоа со вадење на лиценца да можат неограничено да поставуваат во зависност од можноста што има ја дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа.

Со правилникот за поврзување, кој е во подготовка, ќе се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат произведената електрична енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема од државниот производител на електрична енергија.

Третата промена е да може електричната енергија на најлесен можен начин да се разменува за што веќе се подготвува подзаконски акт во Министерството за финансии со кој ќе биде овозможено воведување на даночен застапник, по примерот на западно европските држава, за да може откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинствата, бидејќи тие не се даночни обврзници, и со тоа да се овозможи размена на електрична енергија и соодветно третирање на ДДВ.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje