Vrabotuvanje.com - Претставено првото виртуелно пиво
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Претставено првото виртуелно пиво

Претставено првото виртуелно пиво

Лудилото околу мета универзумот почна откако Марк Цукерберг го смени името на својата компанија од Facebook во Metа и оттогаш многу компании се обидувааѕ да го земат својот дел од тој виртуелен колач. Во мета универзумот се инвестираат големи пари и се оди во насока во која луѓето би можеле во иднина да живеат, да работат и да се забавуваат во тој виртуелен свет.

Дури и сега во некои виртуелни светови се трошат повеќе пати отколк во реалниот – се купуваат скапи куќи, бродови, облека, патики итн. Но, прашање е колку навистина можете да уживате во тие непостоечки работи.

Токму на тоа се обидуваат да го свртат вниманието од Heineken. Имено, компанијата го претстави првото виртуелно пиво на многу чуден виртуелен настан. При претставувањето на пивото нагласија дека станува збор за иронична шега направена со цел потсмевање со сопствениот, но и со сите други брендови.

Новиот вид на пиво е направено од „бинарен кодиран хмељ и најсвежи пиксели“, а од Heineken го опишуваат како необично и непристапно лагер пиво со мета завршни ноти, во кое никој не може да ужива.

Од Heineken велат дека тоа е порака до сите брендови кои инвестираат во мета универзумот, односно дека во некои производи најдобро е да се ужива во реалниот свет.

извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje