Vrabotuvanje.com - Нова мерка на НБРМ: Ако менувачниците немаат девизи ќе можат да купуваат од банките
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нова мерка на НБРМ: Ако менувачниците немаат девизи ќе можат да купуваат од банките

На менувачниците ќе им се овозможи да купуваат евра од банките при евентуален недостиг, иако располагаат со доволно девизи, соопштија од Народната банка, како дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар.

Нова мерка на НБРМ: Ако менувачниците немаат девизи ќе можат да купуваат од банките

Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи, информираа попладнево од Народната банка.

Мерката може да се смета дека е резултат што неодамна некои менувачници продаваа девизи по по курс кој беше повисок од оној што е определн нд НБМ и со тоа оздаваа фиктивна состојба на недостаток на девизи на пазарот, а кај раѓаните паника да купуваат девизи.

Од НБМ исто така потврдуваат дека курсот на денарот е стабилен и оти граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци со купување на евра, а девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра.

извор: skopskoeho.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje