Vrabotuvanje.com - Стјуардеса објасни зошто секогаш на влез ги „меркаат“ патниците од глава до пети
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Стјуардеса објасни зошто секогаш на влез ги „меркаат“ патниците од глава до пети

Стјуардесата Кет Камалани редовно собира милиони прегледи на својот Тик Ток и илјадници коментари со корисни совети и упатства за однесување во авиониоте, а во едно такво видео таа објасни зошто стјуардесите и другиот персонал на влезот нè одмеруваат од глава до пети.

Стјуардеса објасни зошто секогаш на влез ги „меркаат“ патниците од глава до пети

На самиот влез, екипажот на авионот најпрвин срдечно ги поздравува патниците, но по пат, вели, добро ги мери - затоа што ги бара оние кои по потреба би можеле да помогнат во различни ситуации.

„Кога ќе се качите во авионот и ќе ги видите нашите среќни, насмеани лица, ние всушност ве мериме и се обидуваме да ги забележиме таканаречените АБП луѓе (able-bodied people) или физички способни луѓе“, објасни стјуардесата од Солт Лејк Сити.

Оваа кратенка обично се однесува на воен персонал, пилоти, пожарникари, полицајци и лекари, накратко, работници на оние служби кои се најкорисни во итни медицински ситуации или во ситуации кога е неопходно да се спречи несреќа, на пример кога пилотот треба брзо да го приземји авионот поради лошо време или дефект...

„Додека шетаат горе-долу по патеките и ги проверуваат или служат патниците, стјуардесите исто така попат бараат АБП луѓе за да им помогнат ако, не дај Боже, им затреба“, рече таа.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje