Vrabotuvanje.com - Илон Маск размислува да стартува нова социјална мрежа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Илон Маск размислува да стартува нова социјална мрежа

Директорот на компанијата Tesla, Илон Маск, размислува за изградба на нова платформа за социјални медиуми.

Илон Маск размислува да стартува нова социјална мрежа

Маск одговараше на прашања од корисници на Twitter за тоа дали би ја разгледал идејата за изградба на платформа за социјални медиуми која се состои од алгоритми од отворен тип и која би давала приоритет на слободата на говорот и каде што пропагандата би била минимална.

Тој е активен корисник на Twitter, но во последно време ја критикува таа платформа. Тој вели дека компанијата ја подрива деомкратијата и не се придржува до основните принципи за слобода на говор.

Неговата објава на Twitter следува еден еден откако објави анкета на Twitter во која ги праша корисниците дали веруваат дека Twitter се придржува до принципите за слобода на говорот, за кои над 70% гласаа „НЕ“.

„Последиците од оваа анкета ќе бидат битни. Ве молам внимателно да гласате“ напиша тој во петокот.

Ако Маск одлучи да креира сопствена платформа, би се приклучил на се поголемо портфолио на компании кои се позиционираат како шампиони на слободата на говорот и кои се надеваат дека ќе привлечат корисници кои мислат дека нивните ставови се потиснати на платформите од типот на Twitter, Facebook и YouTube.

Нидена од компаниите, вклучувајќи ја и новата платформа на Доналд Трамп, Truth Social, конкурентите на Twitter, Gettr и Parler и видеостраницата Rumble, досега не се приближиле до популарноста на меинстрим платформите.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje