Vrabotuvanje.com - Двесте врвни готвачи со неверојатно мени за гостите на „оскарите“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Двесте врвни готвачи со неверојатно мени за гостите на „оскарите“

Двесте врвни светски готвачи забрзано деновиве се подготвуваа за свечениот коктел што беше приреден за добитниците на престижните филмски награди „оскар“.

Двесте врвни готвачи со неверојатно мени за гостите на „оскарите“

Познатиот шеф Вофган Пак и неговата компанија за кетеринг, заедно со колективот „Гето гастро“ од Бронкс, создадоа уникатно мени за оваа пригода.

Тоа е тешка задача за готвачите и бара неколкунеделно внимателно планирање и приготвување, за да се нахранат 1.500 гости што присуствуваа на доделувањето на златните статуетки. Очигледно е дека ова е голем настан и затоа во кујната беа ангажирани 200 готвачи. Во салата за свечена вечера имаше 600 луѓе, а вкупно опслуживме 1.500 лица. И сѐ се подготвуваше во последен момент, за да биде свежо.

Што имаше на менито годинава? Меѓу другото, омилени јадења на некои од номинираните глумци и режисери, како јајца „Бенедикт Кумбербач“, а некои беа инспирирани од филмовите, како пица „Ликорич“.

Едни од најинтересните беа чоколадните мини-статуетки „оскар“, кои на гостите им се подаруваа во кутии.

Нашите слатки „оскари“ се направени од 70 отсто чоколадо, и тоа француско – откри шефот Гари Лардуинат.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje