Vrabotuvanje.com - Паметните телефони стануваат сè посакпи, па луѓето сè повеќе им се враќаат на обичните
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Паметните телефони стануваат сè посакпи, па луѓето сè повеќе им се враќаат на обичните

Обичните телефони или таканаречените глупи, за разлика од паметните стануваат сè попопуларни и побарани меѓу купувачите, особено тука на Балканот. Ова е затоа што паметните телефони станнуваат се понедостапни и поскапи за обичните луѓе, а и лесно се расипуваат за разлика од обичните.

Паметните телефони стануваат сè посакпи, па луѓето сè повеќе им се враќаат на обичните

Обичните телефони првенствено се наменети само за телефонирање, испраќање пораки и се многу ограничени во функционалноста кога се во прашање апликациите и смарт функциите.

И денес постојат обични телефони и според извештајот на „Би-би-си“, сè повеќе луѓе им се враќаат не за да слушаат ФМ радио на нив или пак да ја играат популарната игра „Змија“.

Обичните телефони се евтини и чинат од 30 до 100 евра, а има и такви кои нудат KaiOS функционалност и можност да се поврзат со Wi-Fi мрежа.

Кај операторите во Србија можат да се купат и по поволни цени, ги има и за еден динар и истите траат со години, затоа што нема што напредно во нив да се расипе. Производството тече непрекинато и нема потреба за скапи чипови како кај паметните телефони.

Контролата на квалитетот е далку полесна, а и како производ, обичниот телефон е далеку подолготраен од паметниот телефон.

Обичните телефони се и поиздржливи и не можат лесно да се скршат, оштетат или уништат, а батеријата им е заменлива и лесно можете да купите нова или да носите две за секој случај. Исто така батеријата трае со недели, кај некои и со месеци, во зависност од базичноста на самиот телефон.

Овие телефони имаат згодни опции како што се батериската лампа, спикерфон кој е достапен на притисок на едно копче или едноставни игри кои главно се загатки – судоку, подвижни кибритчиња или како гореспоменатата змија.

Дека популарноста на овие обични телефони расте покажува и Google Search статистиката, која вели дека обичните телефони во 2021 година биле за неверојатни 90% популарни од лани, а во 2019 година се продадени преку 400 милиони обични телефони.

 - MONDO portal

Тоа е драстично помалку во споредба со продажбата на паметните телефони, но се предвидува дека продажбата на обичните телефони може да скокне и до милијарда уреди на годишно ниво и тоа не затоа што тие магично се раширија на пазарот на кој досега не биле.

Така на пример, во Велика Британија, секој 10 продаден телефон е обичен, што е нов рекорд во споредба со претходните години.

Експертите од Uswitch.com сајтот напоменуваат дека носталгијата е уште еден важен фактор кој го формира растот на побарувачката за обичните телефони, а Nokia 3310 повторно го лансираше својот мобилен во 2017 година и ја поттикна желбата кај голем број корисници да купат обични телефони за себе, да му го подарат на своето дете или некој постар и близок во семејството.

Експертите сметаат дека обичните телефони не можат да се споредат со iPhone и сличните паметни телефони, но сепак надвисуваат во две исклучително важни категории, а тоа е автономијата на батеријата, долготрајноста и квалитетот на изработката.

Психолозите кои во 2018 година учествуваат во истражувањето за начинот на користењето на паметните и обичните телефони, заклучиле дека обичните телефони им оставаат на луѓето повеќе слободно време во текот на денот и не предизвикуваат зависност како што прават паметните телефони.

Корисниците на обичните телефони помалку ги проверуваат нотификациите, читаат вести за кои подоцна и самите велат дека не морале да ги знаат, а секако не пропуштаат ниту еден важен повик или порака.

Сепак, транзицијата од паметни телефони на обични не е безболна и бара период на привикнување, но по почетниот период сите кои им се вратиле на старите телефони, се согласни во една работа. Тие им го намалуваат стресот, имаат повеќе слободно време и се чувствуваат поопуштено и помалку ги боли глава.

 - MONDO portal

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje