Vrabotuvanje.com - Ќерката на сопственикот на Зара го презеде управувањето со модната империја
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ќерката на сопственикот на Зара го презеде управувањето со модната империја

Ќерката на милијардерот кој ја основа компанијата Зара го презеде водството во компанијата, но ќе добива многу помала плата од нејзиниот претходник.

Ќерката на сопственикот на Зара го презеде управувањето со модната империја

Марта Ортега, најмалото дете на Амансија Ортега, ја презеде функцијата претседател на групацијата Индитекс, но ќе се занимава и со односи со јавноста и ќе учествува во управувањето со модни производи во Зара, која генерира 70 отсто од приходите на Индитекс.

За ова ќе добива годишна плата од еден милион евра. Од Индитекс изјавија дека нејзината плата е одредена врз основа на „нејзиното познавање на малопродажниот бизнис во модниот сектор и групацијата“. Таа заедно со новиот извршен директор Оскар Гарсија го наследија досегашниот претседател на компанијата Пабло Исла.

Исла во последната година на функцијата добиваше плата од 12,4 милиони евра, што е двојно повеќе од онаа во 2020 година, пишува Ројтерс.

„Ја барам вашата поддршка и трпение“

Марта Ортега го презеде водството во време кога Зара мора да се справи со загубата на приходи од Русија, откако ги затвори своите продавници таму поради инвазијата на Украина. Покрај тоа, Зара, како и Страдивариус и Pull & Bear, мора да се справи со брзиот подем на Shein, најголемата светска модна компанија која продава евтина облека наменета првенствено за помладите клиенти, пренессува Индекс.хр.

Во текот на првиот работен ден на чело на компанијата, Марта Ортега им напиша на вработените дека е целосно посветена на водење на компанијата.

„Молам за вашата поддршка и трпение, секој ден се трудам да научам што повеќе од сите вас“, додаде таа.

Веста за заминувањето на Исла првично предизвика загриженост на пазарот. Но, новото раководство ги убеди инвеститорите дека тимот на менаџери, кој со децении е во компанијата, им дава целосна поддршка. Оваа транзиција на власта внимателно ја следи самиот Амансио Ортега, кој поседува 59,2 отсто од акциите на Индитекс.

Работела како продавачка во Зара

Таткото на новиот лидер на Зара се пензионираше во 2011 година, но остана во управниот одбор за годишна плата од 100.000 евра. Кога бил на чело на фирмата земал годишна плата од 600.000 евра. 86-годишникот оваа година ќе добие дивиденда од 1,7 милијарди евра.

Исла им рече на новинарите во март дека „максимално верува во иднината на компанијата“.

Од раните дваесетти години, Марта почна да се обучува за да го преземе семејниот бизнис, почнувајќи како продавачка во една од подружниците на Зара во Мадрид, а подоцна работејќи во продавници низ Европа за да дознае повеќе за начинотт на работа и за работните навики на нејзиниот татко.

Извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje