Vrabotuvanje.com - Корисник на Твитер објави навредлив твит и доби 150 часа општествено корисна работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Корисник на Твитер објави навредлив твит и доби 150 часа општествено корисна работа

Корисник на Твитер од Велика Британија напиша навредлив пост во, како што тврди, пијана состојба и доби тешка казна со која докажува дека не вреди да се пишува „глупости“ на социјалните мрежи.

Корисник на Твитер објави навредлив твит и доби 150 часа општествено корисна работа

Џозеф Кели, 36-годишен корисник на Твитер од Велика Британија, беше осуден на 150 часа општествено корисна работа поради објавување навредлив твит за покојниот Сер Том Мур, офицер на британската армија кој собирал пари за Националната здравствена служба (NHS) за време на пандемија.

Според The ​​Verge, Мур станал национална икона на Британија откако направил 100 круга околу својата градина пред својот 100-ти роденден. Овој потфат, беше емитуван на националната телевизија, а кралицата Елизабета Втора подоцна го прогласила за витез.

Кели беше прогласен за виновен тој месец и му се закануваше затвор. Но, тој успеа некако да се „извлече“ тврдејќи дека има малку следбеници на Твитер, дека пиел пред да ја напише објавата и дека твитот го избришал по само 20 минути.

извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje