Vrabotuvanje.com - ПЛАТИ до 20.335 денари - За кандидати со или БЕЗ ИСКУСТВО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПЛАТИ до 20.335 денари - За кандидати со или БЕЗ ИСКУСТВО

ПЛАТИ до 20.335 денари - За кандидати со или БЕЗ ИСКУСТВО
Врз основа на член 3 и член 20г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Музеј на град Скопје Скопје, и согласноста за вработување од Градот Скопје бр. 085017/1 од 06. 06. 2018 година, Директорот на Јавната установа
Музеј на град Скопје Скопје, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2018
за вработување на неопределено време

Јавната установа Музеј на град Скопје Скопје има потреба од засновање на работен однос на неопределено време за 2 (двајца) извршители за следните работни места:


I. Кустос за интердисциплинарни истражувања Одделение за археологија КУЈ1/03/04/Д03/002 1 извршител

Општи услови:
Да е државјанин на Република Македонија;
Активно да го користи македонскиот јазик;
Да е полнолетен;
Да има општа здравствена способност за работното место.
Посебни услови:
Високо образование (VII/1 степен или најмалку 240 ЕКТС) Наука за книжевност
Со или без работно искуство;
Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време и износ на плата:
Работни часови неделно: 40
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време: 08:30 16:30
Нето плата: 20. 335, 00 денари

II. Водич Одделение за маркетинг и едукација
КУЈ1/03/04/Д03/007 1 извршител (во депандансите на Музејот Илегалните работилници за време на НОБ и СулиАн)


Општи услови:
Да е државјанин на Република Македонија;
Активно да го користи македонскиот јазик;
Да е полнолетен;
Да има општа здравствена способност за работното место.

Посебни услови:
Високо образование (VII/1 степен или најмалку 240 ЕКТС) Историски науки, Историја на уметност или Наука за книжевност
Со или без работно искуство;
Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време и износ на плата:
Работни часови неделно: 40
Работни денови: од вторник до недела
Работно време: од вторник до петок од 10:00 17:00; сабота од 09:00 17:00; недела од 09:00 13:00
Нетоплата: 19. 137, 00 денари

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje