Vrabotuvanje.com - Вангелина Пармачки една од жените во Малешевијата која се бори да не изумре брендираното сирење
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Вангелина Пармачки една од жените во Малешевијата која се бори да не изумре брендираното сирење

Сточарството во Малешевскиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне.

Вангелина Пармачки една од жените во Малешевијата која се бори да не изумре брендираното сирење

Сточарството во Малешевскиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне. Една од нив е Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци, која рамо до рамо со нејзиниот сопруг и вработениот овчар работи на бачилото, но и произведуваат сточна храна.

Вангелина е една од десетте жени сточарки во Малешевијата, која произведува органско и квалитетено сирење, а може да се вкуси во беровските ресторани и хотели или да се купи директно од нив. Таа е носител на земјоделското стопанство, а овој период имаат и дополнително работа во фармата.

Семејството Пармачки имаат околу 600 овци, очекуваат за Велигден на пазарот да понудат околу 500 јагниња. Во сточарството и производството на малешевското сирење нема одмор, Вангелина вели се мора да биде точно и во одреден час, но и да се внимава на хигиената во млекарата.

Дополнително се грижи и за финансиите, но и за  аплицирање за субвенции и грантови. Таа ги пофали вработените од подрачната едницина на ресорното министерство и од Федерацијата на фармери, кои им помагаат. Но, смета дека државата мора повеќе да им  понуди сточарите, бидејќи имаат потреба од модернизација на фармите, но и да ги задоволат европските стандарди.

извор: zelenaberza.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje