Vrabotuvanje.com - Е, ова е газда: Директорот му подарил автомобил на работник кој многу пешачел до работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Е, ова е газда: Директорот му подарил автомобил на работник кој многу пешачел до работа

Сопственик на компанија на работник му подарил автомобил откако испешачил околу 32 километри за навреме да стигне на работа.

Е, ова е газда: Директорот му подарил автомобил на работник кој многу пешачел до работа

Американските медиуми пишуваат дека, откако му се расипал автомобилот, Американецот Валтер Кар морал да пешачи ноќ и ден за да стигне на работа.

Џени Леми, првата клиентка за која Кар работел тој ден, му понудила на работникот да се одмори откако дознала дека пешачел со часови.

Лук Марклин, извршен директор во компанијата во која Кар се вработил, дознавајќи што се случило, побрзал да го запознае својот нов вработен.

Откако испиле кафе, Марклин поради пожртвуваност и посветеност на работата му ги подарил клучевите од својот Форд.

„Искрено ме воодушеви“, рекол сопственикот компанијата.

Кар подоцна на новинарите им рекол дека е многу благодарен што добил прилика да работи.

„Сакав да им покажам дека сум посветен. Реков дека ќе стигнам на работа, на овој или на оној начин“, рекол Кар.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje