Vrabotuvanje.com - Што ќе биде задолжително наведено на етикетите!?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што ќе биде задолжително наведено на етикетите!?

Европската комисија предлага нови правила за борба против индустријата за „брза мода“, со идеја да се осигура дека произведената облека е поеколошка.

Што ќе биде задолжително наведено на етикетите!?

Компаниите за облека прават нови предмети побрзо од кога било досега, за да бидат во тек со најновите трендови, а потоа ги продаваат по ниски цени. Производните процеси неопходни за одржување на таков бизнис модел се поврзани со зголемената употреба на фосилни горива, соопшти Комисијата.

Предложените нови правила за „брзата мода“ се дел од пошироката програма на ЕУ која планира да го направи производството на повеќето физички добра - од електроника и пакување до храна и згради - поодржливо.

Предложени се сеопфатни правила за намалување на негативниот придонес кон климатските промени за повеќе од половина во рок од една деценија.

Новите правила предложени во средата се насочени кон индустријата која стана злогласена по продажбата на евтино направени трендовски производи, по ниски цени.

Според предлогот, Комисијата ќе постави нови стандарди за тоа колку облеката треба да биде издржлива и употреблива, а ќе воведе и забрана за уништување на непродадениот текстил.

Од компаниите, исто така, ќе се бара да вклучат информации на етикетата за тоа колку долгорочно може да биде одредено парче облека, како може да се рециклира и како може да се поправи.

Комисијата соопшти и дека текстилот е на четврто место по негативно влијание врз животната средина и климатските промени, а го претекнуваат само храната, домувањето и транспортот. ЕУ секоја година фрла околу 6,4 милиони тони текстил, односно околу 10 килограми по глава на жител. Помалку од 1% од облеката се рециклира.

Модниот гигант H&M Group, рече дека го поздравува предлогот и дека работи на инкорпорирање на „принципите на кружна економија“ во својот бизнис.

„Одржливоста е предуслов за иднината на нашата индустрија“, велат од компанијата. „За да функционира во планетарни граници, секторот мора да ја прилагоди сопствената употреба на ресурсите. Прекумерната потрошувачка мора да се реши во целата текстилна и конфекциска индустрија“.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje