Vrabotuvanje.com - Знаеш да управуваш со виљушкар? АПЛИЦИРАЈ и стани дел од тимот на ВИВАКС
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Знаеш да управуваш со виљушкар? АПЛИЦИРАЈ и стани дел од тимот на ВИВАКС

Знаеш да управуваш со виљушкар? АПЛИЦИРАЈ и стани дел од тимот на ВИВАКС
Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
 
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
 
 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 
ВИЉУШКАРИСТ
 
 
 
Одговорности и задачи: 
  • Управување со виљушкарот согласно работните упатства за безбедно ракување
  • Водење грижа за безбедноста на луѓето во процесот на работа
  • Товарање и истоварање стока согласно процедурата за транспорт
  • Одржување хигиена во просторот за работа согласно процедурата за хигиена
 
 
Потребни квалификации: 
  • ССС (машински техничар, електро-техничар, сообраќаен-техничар ќе се смета за предност)
  • Стекната диплома за управување со виљушкар ќе се земе за предност
  • Претходно работно искуство во работа со електричен виљушкар ќе се земе за предност
  • Подготвеност за работа во смени
 
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
 
 
Ви нудиме:
  • Можност за стекнување на знаење и искуство, од искусни обучувачи кои се долгогодишни членови на тимот на Вивакс.
  • Можност за напредување во работата.
  • Обезбеден оброк.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.


    ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje