Vrabotuvanje.com - Дали треба да се инсталираат ограничувачи на брзината во сите нови автомобили?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали треба да се инсталираат ограничувачи на брзината во сите нови автомобили?

Сите нови автомобили во Велика Британија ќе мора да бидат опремени со ограничувачи на брзината за да се усогласат со новите прописи на Европската Унија, кои многу Британци ги сметаат за контроверзни.

Дали треба да се инсталираат ограничувачи на брзината во сите нови автомобили?

Во Британија наскоро ќе бидат објавени нови мерки за безбедноста на возилата, а една од нив вклучува и намалување на моќноста на моторот доколку се надмине одредена брзина на возилото. Се наведува дека главна причина е безбедноста во сообраќајот, а се очекува мерките да бидат поддржани од еколошки активисти кои веќе подолго време се залагаат за намалување на брзината со цел да се намали емисијата на штетни гасови.

Во петокот членовите на Конзервативната партија во британскиот парламент истакнаа дека предлозите се „доказ за кампањата против возачите“.

Еден од нив, Крег Мекинли, кој е претседател на пратеничката група која ги застапува правата на возачите, изјави дека овие предлози целосно ќе го уништат пазарот на луксузни автомобили.

„Ова е повеќе од Големиот брат. Ќе има се повеќе вакви предлози ако се движиме во таа насока. Мислам дека луѓето не размислувале за аспектот на слободата“, посочи тој.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje