Vrabotuvanje.com - Акциите на Netflix паднаа за 25% – бележи загуба на претплатници за прв пат од 2011 година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Акциите на Netflix паднаа за 25% – бележи загуба на претплатници за прв пат од 2011 година

Бројот на претплатници на видео-платформата Нетфликс опадна за првпат по една деценија. Компанијата соопшти дека изгубила 200 илјади членови во првите три месеци од 2022 година. Акциите на Netflix паднаа за повеќе од 25% во вторникот.

Акциите на Netflix паднаа за 25% – бележи загуба на претплатници за прв пат од 2011 година

Овој пад доаѓа откако Нетфликс одлучи да ги подигне цените во најголемите пазари меѓу кои САД и Велика Британија, додека истовремено престана да ги нуди своите услуги во Русија.

Од Нетфликс додаваат дека очекуваат дополнителен пад на корисниците, а најавуваат и дека во следниот период ќе се справуваат со споделувањето на корисничките сметки во обид да дојдат до нови корисници.

Во писмо до акционерите, од компанијата предупредиле дека очекуваат намалување за дополнителни два милиони претплатници, посочувајќи дека дел од причината за сегашниот пад е и големиот раст на бројот на корисниците во текот на пандемијата.

Последен пат компанијата имала намалување на претплатниците во октомври 2011 година. Сепак и понатаму има повеќе од 220 милиони претплатници глобално.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje