Vrabotuvanje.com - Apple „падна“ на суд: Му плаќаат на купувачот затоа што телефонот не доаѓа со полнач
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Apple „падна“ на суд: Му плаќаат на купувачот затоа што телефонот не доаѓа со полнач

Apple мора да плати нешто повеќе од илјада долари на клиент бидејќи не испорачал полнач со новиот iPhone. Судот во Бразил пресуди дека компанијата мора да биде одговорна за продажба на уреди без полначи.

Apple „падна“ на суд: Му плаќаат на купувачот затоа што телефонот не доаѓа со полнач

Судот заклучил дека праксата на компанијата всушност бара од купувачот да купи два посебни артикли за да може еден од нив да функционира правилно и тоа го нарекоа „незаконска деловна практика“.

Затоа на Apple му беше наложено да му плати на купувачот 5.000 бразилски реали (1.081 долари) и да му достави полнач. Apple има рок од 10 дена да го направи тоа, во спротивно ќе мора да плати дополнителна казна.

Apple престана да испорачува адаптери за своите уреди во 2020 година, а бразилската влада за тоа ја казни компанијата со два милиони долари. Компанијата се обиде да го оправда со „грижа за животната средина“.

„Не е соодветно со таква мерка да се настојува да се намали влијанието врз животната средина, бидејќи, според сите докази, обвинетиот продолжува да произведува толку важен додаток за уредот, но сега го продава одделно“, заклучи судот.

Извор: usb.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje