Vrabotuvanje.com - ПОЧИНА НАЈСТАРАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Јапонката Кане Танака, врсник со Илинденското востание, во јануари прослави 119-ти роденден
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПОЧИНА НАЈСТАРАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Јапонката Кане Танака, врсник со Илинденското востание, во јануари прослави 119-ти роденден

Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

ПОЧИНА НАЈСТАРАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Јапонката Кане Танака, врсник со Илинденското востание, во јануари прослави 119-ти роденден

Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, шест месеци пред почетокот на Илинденското востание во Македонија, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да се потврди нејзиниот рекорд како најстар жив човек.

На Твитер за нејзината смрт, Гинисовата книга на рекорди напиша:

– Таа стана најстарата жива личност во јануари 2019 година на возраст од 116 години и 28 дена, соопшти на Твитер Гинисовата книга на рекорди.

Танака е втората најстара личност што е регистрирана, зад Жан Калмент која живеела 122 години.

Извор: denesen.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje