Vrabotuvanje.com - Колку заработуваат судиите во европските натпреварувања?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Колку заработуваат судиите во европските натпреварувања?

Водечките европски судии имаат одговорна задача во завршницата на европските натпреварувања. Таквата одговорност носи и голема финансиска инекција која е јасно дефинирана во одредбите на УЕФА и не е тајна.

Колку заработуваат судиите во европските натпреварувања?

Така романскиот арбитар Истван Ковацс кој судеше на полуфиналето во Лигата на шампионте помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид заработи 5.000 евра. Тоа е сума која судиите ја добиваат за завршницата во европските натпреварувања, без разлика дали се работи за Лигата на шампионите, Лигата на Европа или Конференциската лига цифрата е иста.

Европските судии добро поминуваат и ако добијат повик да судат надвор од Европскиот континент, тоа посебно се однесува на Азија. Оваа информација ја откри поранешниот романски судија Мариус Аврам.

„Азија е специфична за судење, посебно арапскиот свет, тие не штедат пари за судиите кога во прашање се важни натпревари. Сакаат судењето да биде доведено до перфекција, затоа евопските судии во Азија добиваат 10.000 долари по натпревар“, откри Аврам.

За финалните средби во европските натпреварувања покрај споменатите 5.000 евра има и бонус кој дополнително се одредува колку ќе изнесува.

Извор: sportski.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje