Vrabotuvanje.com - Децата во Италија повеќе нема автоматски да го добијат презимето од таткото
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Децата во Италија повеќе нема автоматски да го добијат презимето од таткото

Родителите во Италија во иднина ќе можат слободно да одлучуваат дали на своите деца ќе им го дадат мајчиното, татковото или двојно презиме.

Децата во Италија повеќе нема автоматски да го добијат презимето од таткото

Досега во оваа земја беше задолжително на новороденчето да се дава татковото презиме, ако е признаено од таткото. Со заедничка пријава, мајчиното презиме можеше да се додаде на татковото и се ставаше зад него.

Во Италија жените го задржуваат своето презиме откако ќе стапат во брак, што значи дека мајките досега во повеќето случаи се презиваа поразлично од нивните деца.

Но, оваа правна норма ги крши членовите на италијанскиот устав, како и Европската конвенција за човекови права, соопшти судот во пресуда објавена вчера. Родителите во иднина ќе можат слободно да одлучуваат кое презиме ќе го носи нивното дете. Нацрт законот е веќе доставен до парламентот.

Во иднина, ако родителите не се произнесат за презимето на детето, тоа автоматски ќе ги добие и двете презимиња од родителите, а не само татковото како што беше случај досега.

Според поддржувачите на промените за овој закон станува збор за „историска пресуда“, мала револуција и понатамошен чекор кон еднаквост на мажите и жените.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje