Vrabotuvanje.com - Македонец победи во бугарскиот „Survivor“ – ОСВОИ 77.000 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Македонец победи во бугарскиот „Survivor“ – ОСВОИ 77.000 евра

Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми.

Македонец победи во бугарскиот „Survivor“ – ОСВОИ 77.000 евра

До финалето стигнаа само тројца учесници кои најдобро се снаоѓаа во филипинската џунгла цели 43 дена, надмудрувајќи ги останатите дваесет учесници со својата итрина, упорност и среќа.

Според правилата на шоуто, жирито составено од претходни учесници од тековната сезона, гласаа за победникот. Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесеше публиката. Сепак, се покажа дека Зоран е неприкосновен победник со најмногу гласови.

Чувството е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев свој од почеток до крај, изјави Зоран по победата.

Поповски, кој глумел и во бугарската тв серија „Под прикритие“, каде ја запознал својата сопруга, актерката Силвија Петкова прво ги прегрнал неа и нивниот син кога водителот Владо Карамазов соопштил дека токму Зоран е победникот. Тој ја доби и главната награда од 150.000 лева.

Извор: lider.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje