Vrabotuvanje.com - Македонски државјани купиле 55 имоти во вредност од 14 милиони евра во Дубаи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Македонски државјани купиле 55 имоти во вредност од 14 милиони евра во Дубаи

Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува норвешко истражување.

Македонски државјани купиле 55 имоти во вредност од 14 милиони евра во Дубаи

Во документите е наведен бројот на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи. Податоците и табелата со бројот на сопственици на имоти во Дубаи од сите земји се објавени од Центарот за напредни одбранбени студии од САД и се однесуваат на 2020 година.

Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.

Во Дубаи се регистрирани 19 „офшор“ имоти со вкупна вредност од 7 милиони долари. Од соседните земји, Србија има најмногу имоти: вкупно 287. Тие се во сопственост на 237 сопственици, а вкупната вредност е 74 милиони евра.

извор: infomax.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje