Vrabotuvanje.com - Qantas го планира најдолгиот непрекинат лет, а релацијата фантастична
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Qantas го планира најдолгиот непрекинат лет, а релацијата фантастична

Австралиската авиокомпанија Qantas до крајот на 2025 година ќе го спроведе најдолгиот непрекинат комерцијален лет – од Сиднеј до Лондон којшто би траел 19 часа.

Qantas го планира најдолгиот непрекинат лет, а релацијата фантастична

По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони „Ербас А350-1000“. 

Овие летови ќе бидат пуштени од Сиднеј до крајот на 2025, а подоцна можеби и од Мелбурн.

Тестирањето долги летови почна во 2019 година, меѓу кои и пробниот лет од 17.800 километри меѓу Лондон и Сиднеј, којшто траеше 19 часа и 19 минути. Пробниот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, пак, долг 16.200 км., траеше нешто повеќе од 19 часа.

Сингапур ерлајнс моментно го има најдолгиот комерцијален лет, каде до Њујорк се стигнува за нешто под 19 часа, а растојанието е околу 16.700 км.

Qantas има и лет меѓу Перт и Лондон, од 14.500 километри и трае 17 часа.

Новиот „A350“ ќе собира 238 патници, а првата класа ќе нуди посебен кревет, фотелја и гардероба.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje