Vrabotuvanje.com - Гучи воведува плаќања со криптовалути
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Гучи воведува плаќања со криптовалути

Луксузниот бренд Гучи одлучи да овозможи плаќања во криптовалути и за таа цел, кон крајот на овој месец во САД спроведува пилот програма за прифаќање на десет различни дигитални валути.

Гучи воведува плаќања со криптовалути

Модната индустрија со месеци експериментира за да се прилагоди на новите реалности на пазарот: NFT, Metaverse и дигиталните валути. Гучи, модна компанија основана во 1921 година од Гучио Гучи во Тоскана, Италија, одлучи да преземе важен чекор кој би можел да ги мотивира и другите брендови во секторот да го сторат истото.

Некои продавници за луксузни брендови во САД ќе почнат да прифаќаат криптовалути во пилот програма во мај. На пилот тестот ќе учествуваат Лос Анџелес, Њујорк, Мајами, Атланта и Лас Вегас.

Кога ќе стапат на сила плаќањата со криптовалути?

На крајот на летото, сите бутици на Гучи во САД ќе прифаќаат плаќање во криптовалути. За да извршат плаќање, клиентите ќе добијат QR код преку е-пошта што ќе им овозможи пристап до нивните дигитални паричници.

Кои криптовалути ќе ги прифати Гучи?

Клиентите ќе можат да вршат плаќања со користење на десет различни криптовалути, вклучувајќи Bitcoin, Ethereum, Litecoin и Shiba Inu.

„Гучи секогаш сака да ги прифати новите технологии кога тие обезбедуваат подобрено искуство за нашите клиенти. Сега кога можеме да интегрираме криптовалути во нашиот платен систем, тоа е природна еволуција за клиентите кои сакаат да ја имаат оваа опција“, коментира Марко Бизари, извршен директор и претседател на Гучи.

Извор: biznisinfo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje