Vrabotuvanje.com - Феномен кој го интригира светот: Зошто луѓето од ова италијанско село живеат подолго од останатите?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Феномен кој го интригира светот: Зошто луѓето од ова италијанско село живеат подолго од останатите?

Молокио, мало село во јужниот дел на Италија, брои околу 2000 жители. Во 2013 година, ова место стигна до насловните страници на многу светски медиуми, а причината е поради тоа што во него можеби живеат најголем број лица постари од 100 години.

Феномен кој го интригира светот: Зошто луѓето од ова италијанско село живеат подолго од останатите?

Таа година во Молокио живееле дури петмина 100-годишници.

Како што наведува „Forbes“, во тоа време започнало и истражувањето од страна на „National Geographic“ на тема - долговечност. Еден од жителите на Молокио, Салваторе Крузо, кој тогаш имал 106 години, изјавил дека во животот најмногу консумирал грав и смокви и дека речиси никогаш не јадел црвено месо. На прашањето што е тајната на неговата долговечност, тој додал: „Без алкохол, без цигари и без жени“.

Можеби најдобро објаснување за начинот на исхрана дал Доменико Ромео, уште еден жител на селото кој во тоа доба имал 103 години: „Од сè, но по малку“.

Според официјалните податоци, Молокио спаѓа во т.н. сина зона. Станува збор за ненаучен термин со кој се означуваат области во светот во кои луѓето живеат подолго од просекот и во кои се забележани пониски стапки на хронични заболувања. Еден од нив е и островот Икарија во Грција како и полуостровот Никоја во Костарика.

Но, која е тајната? Зошто локалното население живее подолго од 100 години? Сега средствата на ЕУ и американските истражувачи се насочени кон тоа да го истражат ваквиот феномен.

Една од хипотезите е дека лишувањето кое го претрпеле како деца, бидејќи имале малку храна на располагање и дека практично биле присилени да постат подолго време, одиграло исклучително значајна улога во нивната долговечност.

Планираното клиничко испитување ќе опфати 500 испитаници. Тие ќе бидат поделени во 2 групи – едната група ќе консумира храна која ја јадат луѓето со модерни навики, а другата ќе консумира намирници вообичаени за жителите на ова село и тоа во точно одредено време од денот.

Основната цел на ова истражување е да се утврди колкаво влијание има исхраната врз долговечноста на луѓето, но и да се утврди дали постот има некакво влијание. Една од идеите е дека постот помага во процесот на регенерација на клетките и штити од болести кои се поврзуваат со стареењето, како што се на пример дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

Меѓутоа, останува прашањето дали луѓето навистина би сакале да ги променат своите навики дури и ако дојдат до сознание за тоа што може да им помогне подолго да живеат, пишува „Forbes“.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje