Vrabotuvanje.com - Страв и адреналин: Чешка го отвори најдолгиот висечки мост на светот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Страв и адреналин: Чешка го отвори најдолгиот висечки мост на светот

Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка.

Страв и адреналин: Чешка го отвори најдолгиот висечки мост на светот

„Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот“, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот.

Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години.

„За мене ова е одличен поглед“, рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.

Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Тој е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост. 

Извор: nezavisen.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje