Vrabotuvanje.com - ОГЛАС КОЈ СТАНА ХИТ: Компанија плаќа 200 долари неделно за да спиете на работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ОГЛАС КОЈ СТАНА ХИТ: Компанија плаќа 200 долари неделно за да спиете на работа

Спиењето на работа може да биде вистински проблем. Но, замислете вас да ви се случи тоа и шефот наместо казна, да ви даде награда од 200 долари

ОГЛАС КОЈ СТАНА ХИТ: Компанија плаќа 200 долари неделно за да спиете на работа

Имено, еден продавач на душеци за спиење објави оглас во кој е наведено дека компанијата вработува луѓе за да ги тестираат нивните кревети.

Како што е наведено таму, кандидатите треба да имаат минимум 18 години и да се подготвени да ги “тестираат своите моќи за одмор“.

Во огласот, исто така, стои и дека тестирањето на удобноста на нивните душеци не се однесува само на спиење тику и пронаоѓање на најдобрата положба за одмор.

“Испробајте кои се најдобрите положби за позиционирање на главата и нозете додека маратонски гледате серии, се забавувате на Instagram, работите на компјутер или јадете во кревет. Откријте колку перници се доволни за софршено селфи...“ – стои во огласот.

Позади овој примамлив оглас стои, како што објаснува менаџерот на компанијата која го објавила, не само желба да се тестираат нивните производи туку и целосен план за да се направи целосна анализа и истражување на различните потреби не потрошувачите, а сето тоа преку кампања на социјалните мрежи.

Тоа би значело дека лицето кое ќе го вработат ќе стане еден вид на инфлуенсер или вистински експерт за спиење и одмор.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje