Vrabotuvanje.com - Нудат 950 евра за три часа работа, но никој не се пријавува
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нудат 950 евра за три часа работа, но никој не се пријавува

И покрај хонорарот од 950 евра за три часа работа во текот на викендот, нема кандидати за работа во Штаерска (една од 9-те сојузни покраини во Австрија).

Нудат 950 евра за три часа работа, но никој не се пријавува

Општо познато е дека индустрискиот и угостителскиот сектор очајно бара квалификуван кадар, а сега тоа се одразува и на медицинската област. Иако понудата звучи примамливо, барем од финансиска гледна точка, се чини дека никој во Штаерска не е заинтересиран за работата на педијатар.

„Нудиме 950 евра за тричасовно дежурство во сабота и недела, од 9 до 12 часот, па ме интересира што се случува“, рече Клаус Песенбахер, медицински директор во Health Care Styria, за Kleine Zeitung.

„Досега имаме само еден пензиониран педијатар кој ја презема должноста, но секако не секој викенд. Едноставно сè уште не сме успеале да ангажираме доволно лекари за тоа. Многумина едноставно се чувствуваат преоптоварени и не сакаат да работат за време на викендите “, истакна Песенбахер.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje