Vrabotuvanje.com - Поради поскапувањето на горивото одела на работа со кочија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Поради поскапувањето на горивото одела на работа со кочија

Сопственичката на штала во Германија и тренерка на коњи Стефани Кирхнер решила да заштеди пари, а еве и како.

Поради поскапувањето на горивото одела на работа со кочија

Имено, таа веќе нема да оди на работа во теренско возило, туку со помош на кочија. Таа се решила за овај начин на превоз поради поскапувањето на горивото.

Стефани Кирхнер пресметала дека на тој начин може да заштеди околу 250 евра месечно, со оглед на количината на гориво што нејзиното возило го троши, но наместо 10-15 минути во иднина, таа ќе патува во една насока по еден час.

- Кочиите се популарни меѓу децата, но некои возачи стануваат нервозни затоа што им се брза, а кочија влечена ги забавува на патот, вели Стефани Киршнер.

Таа признава дека нејзиниот одговор на поскапувањето на горивата не е за секого.

„Не можам да ставам коњ во гаража за паркирање. Мислам дека многу повеќе јавачи би оделе на работа доколку околностите се прилагодат на коњите“, изјави Стефани.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje