Vrabotuvanje.com - Основачот на Етереум повеќе не е милијардер
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Основачот на Етереум повеќе не е милијардер

Човекот кој е основач на ethereum, Виталик Бутерин, на Твитер се „пофали“ дека повеќе нема статус на милијардер. Бутерин е роден во Русија, а денес има државјанство на Канада, а од неодамна и на Црна Гора.

Основачот на Етереум повеќе не е милијардер

Како и Сатоши Накамото, мистериозниот иницијатор на биткоинот, Бутерин зачувал голема количина на „својата“ криптовалута за себе. На својот врв во ноември минатата година, неговото криптобогатство беше околу 1,5 милијарди долари. После тоа, започна значителен пад, не само кај етериумот, туку и кај другите криптовалути, па така и финансиската „тежина“ на Бутерин потона.

Во февруари не беше на листата на Форбс на најбогати сопственици на криптовалути, а вредноста на еден етер оттогаш дополнително падна – во споредба со врвот од околу 4.800 долари, денoвиве оваа криптовалута се тргуваше по 60% пониски цени, под 2.000 долари. Така Бутерин од „1,5 милијарда“ падна на „само“ околу 600 милиони американски долари, што го потврди и на Твитер.

Неговиот „колега“ по богатство, основачот на Binance Чангпенг Жао, изгуби многу повеќе во падот на криптопазарот. Од почетокот на оваа година тој изгубил околу 85% од своето финансиско богатство, т.е. вредноста на неговиот имот е намалена од 96 на „само“ 14,9 милијарди долари, според  скалата на Блумберг, и е на 113-то место во светот.

Извор: biznisinfo.mk

 
 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje